ПРОЦЕДУРА ЗА ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ

 

Доколку по прием на нарачаниот производ заклучивте дека сакате да го замените за друга големина или друг производ за ист, понизок или повисок износ, Ве молиме да не контактирате на телефонските броеви 076483555 или да ни испратите е-маил на [email protected] Неопходно е да го имате бројот на испратница и да ни го кажете кодот на производот и големината која Ви одговара за кој сакате да го замените иницијалниот производ.

Замените се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка замена во нашите продавници. Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.

 

Откако ќе биде поднесено барањето за замена се врши системска и физичка проверка во кој малопродажен објект е достапна бараната големина, односно бараниот производ по што добивате насоки и објаснување на процесот за замена на потребната големина, односно замена на производот за друг.

Производот кој сакате да го вратите мора да бидe неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација.. Исто така, нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен.

По приемот на барањето за рекламација, агентите од корисничка поддршка на АМБАР ја  известуваат курирската служба да го подигне производот кој што сакате да го замените од вашата адреса и да го врати во магацин.

Откако производот ќе се врати во магацин, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите замена во малопродажните објекти на нарачаниот производ.

 

РОК ЗА ЗАМЕНА

Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот. Потоа, рокот за замена на големина на производ е 15 дена од моментот на поднесување барање од страна на купувачот, по прием на производот.

 

- За производи кои не ви се доставени / кои се неисправни / , мора да пријавите во информации на нашата линија за поддршка на клиенти на 076483555 во рок од 24 часа од приемот на вашата нарачка.

 

ТРОШОЦИ ЗА ДОСТАВА

Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, во износ од 130 ден., освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

 

НАПОМЕНА:

Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за замена на поголем производ и замена на производот со друг.

 

cultureSettings.RegionId: 0 cultureSettings.LanguageCode: MK